More

    Како пиењето кафе на топло време влијае на нашето тело

    spot_img

    Тропските денови допрва доаѓаат, поради што треба дополнително да внимаваме на несаканите здравствени последици.

    Ниту оние кои немаат здравствени проблеми, а се придржуваат до здрави животни навики, не се имуни на опасноста од пеколните горештини.

    Покрај заштита од сонце, носење лесна облека и внесување доволно течности, постои и правило за омилениот пијалок на многумина.

    „Кафето во текот на летото лесно може да не излаже“, посочува д-р Иван Горник за jutarnji.hr, бидејќи доведува до намалена хидратација, но има начин да се пие и во топлите денови.

    „Кафето води до намалена хидратација, но можеме да си дозволиме две до три шолји или една голема, под услов да додадеме многу вода. Знаеме дека кафето е диуретик, па поради тоа губиме течност од телото, а мокрењето предизвикано од кафето може да не натера да мислиме дека имаме доволно течност, дури и кога немаме“, вели д-р Горник за jutarnji.hr. .

    Кога пиете кафе, би било препорачливо да избегнувате кафе со вкусови и различни адитиви, сирупи, шеќери и засладувачи. Најдобра опција би било да пиете кафе дома и да го направите домашно кафе или еспресо, без никакви додатоци или шеќер.

    Најважно е да не се претера со количината на кафе консумирано во текот на денот и како што вели докторот – сосема се доволни две до три мали кафиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img