More

    Како да се заштитите од непредвидени трошоци кога патувате надвор од државата?

    spot_img

    Како да се заштитите од непредвидени трошоци кога патувате надвор од државата?

    Непредвидени и неочекувани настани секогаш се можни, сепак постои начин да се заштитите од непредвидени трошоци кои можат да произлезат од таквите настани, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, препорачувајќи каско, здравствено патничко осигурување и асистенција на пат.

    Добрите подготовки за патување, особено кога се патува во странство, се од големо значење патувањето да мине без непријатни изненадувања. Иако непредвидени и неочекувани настани секогаш се можни, сепак постои начин да се заштитите од непредвидени трошоци кои можат да произлезат од таквите настани.

    За таа цел СН Осигурителен Брокер Ви нуди целосен пакет на продукти потребни при Вашата посета во странство како што се: зелен картон, каско осигурување, патничко осигурување и асистенција на пат.

    Зелен картон

    Зелениот картон е потребен доколку со возилото планирате да отпатувате надвор од границите на државата. Тој ви обезбедува целосна финансиска заштита на Вашата одговорност како сопственик, односно како корисник на моторното возило за евентуално причинети штети кон трети лица, согласно лимитите на осигурување, коишто се поставени во државите каде патувате и се регулирани со Директивите на ЕУ.

    Каско

    Каско осигурувањето се однесува на сите видови на моторни возила и овозможува осигурително покритие од повеќе ризици како сообраќајна незгода, паѓање или удар со некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво во цела Европа, злонамерни постапки на трети лица, оштетување на тапацир при пружање помош на лица повредени во сообраќајна несреќа, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително, поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица, поплава, порој и високи води. Со ова осигурување, до одреден лимит е покриен и багажот кај патничките моторни возила.

    Здравствено патничко осигурување

    Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со пријатни искуства и спомени. Сепак, секогаш можете да бидете изненадени од неочекувани и непредвидливи настани. Затоа, обезбедете се и земете го најдоброто здравствено патничко осигурување кога треба да патувате во странство. Ние ќе се погрижиме трошоците што ќе произлезат како последица од непријатните настани да не бидат големо финансиски оптоварување за вас.

    Осигурувањето опфаќа трошоци во случај на:

    Трошоци за лекување од незгода и болест

    Трошоци за превоз

    Надомест на телефонски трошоци

    Доцнење и кражба на багаж

    Итни стоматолошки интервенции

    Асистенција на пат

    Со асистенцијата на пат добивате 24-часовна поддршка во Македонија и во земјите од Европа.

    Асистенцијата е наменета за патнички возила, товарни возила со 3,5Т најголема дозволена вкупна маса, специјални моторни возила – возила за домување, мотоцикли со сила на мотор над 4 KW и камп приколки и со неа се опфатени следните ризици:

    Помош дома и на пат

    Помош во случај на проблеми со клучевите од осигуреното возило

    Извлекување на возилото

    Влечење или пренос на возилото

    Достава на гориво

    Организирање пренос на поправеното возило

    Превоз на клиентот

    Заменско возило

    Хотелско сместување

    Заменски возач во странство

    Помош во случај на смрт во странство

    Посета на роднини на повредениот осигуреник во странство

    Придружба на малолетен клиент

    Подетални информации може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефонот 15 770, како и во подружниците на СН Осигурителен брокер низ Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img