Како да препознаете психопат?

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Психопатските црти на личноста се карактеристични за лица кои се однесуваат антисоцијално, манипулативно и лажно, не водејќи сметка за чувствата на другите луѓе.

Термините „психопат“ и „социопат“ не се официјални клинички дијагнози, туку се користат за неформално опишување на некој со антисоцијално пореметување на личноста (Antisocial Personality Disorder – ASPD).

Дијагностичките и статистичките прирачници за ментални пореметувања не ја наведуваат психопатијата како дијагноза. Затоа општ консензус е дека психопатијата спаѓа под АСПД.

Всушност, не постои клиничка разлика помеѓу овие два термина. И психопатијата и социопатијата се само поими кои служат за да се опише однесување според образецот на АСПД.

Вистинската дефиниција на психопатот во психијатријата се однесува на некој со образец на однесување АСПД во кого преовладуваат тактики на манипулација и повредување на другите луѓе. Изразот „антисоцијален“ опишува однесување кое е спротивно на вообичаените правила на живот во едно општество.

Психопатите се разликуваат од „обичните“ криминалци по тоа што не се грижат кој закон ќе го прекршат – ќе го прекршат кој било закон ако така им се сака.

По што се разликуваат социопатот и психопатот?

Социопатите повеќе делуваат импулсивно и без емоции. Нивното однесување е помалку предвидливо во однос на психопатите. Поради тоа што им недостига трпеливост, најчесто делуваат без план, брзоплето и хировито.

Наспроти нив, психопатите сè планираат до детаљ. Кога делуваат тајно, склони се да провоцираат така што зад себе оставаат траги, но избегнуваат грешки.

- Advertisement -
Ad image

И психопатите и социопатите сакаат да осетат контрола над другите луѓе и настојуваат да создадат такви ситуации. Сепак, некои живеат меѓу нас и никогаш не ја откриваат вистинската природа на својата личност.

Генерално гледано, прашање е дали воопшто треба да се раздвојуваат, зашто вистинската разлика меѓу нив е само фактот дека психопатот се раѓа, а социопат се станува!

Клучни психопатски црти на личноста

- Advertisement -
Ad image

Психопатски црти на личноста кои посебно доминираат се:

– Површен шарм и висока интелигенција, но лошо расудување и слабо учење од искуство

– Импулсивност, патолошка егоцентричност и грандиозно чувство за сопствената вредност

– Судир со општествените норми и неспособност да се разликува добро и лошо

– Неодговорност, патолошко лажење, манипулативно, често и криминално однесување

– Неспособност за љубов, недостиг на емпатија, повредување на другите без каење и без срам.

Во дефинирањето на антисоцијалното пореметување, стручњаците се повикуваат на знаците на АСПД од кои најчести се:

– Однесување кое е во спротивност со општествените норми.

– Повторувачки судири со законот и непочитување или кршење на правата на другите.

– Неспособност да се направи разлика помеѓу исправно и погрешно.

– Тешкотии за искажување каење или емпатија.

– Склоност кон често лажење со редовно изразување лутина и ароганција.

– Манипулирање со другите луѓе и нивно повредување.

– Недостиг на одговорност и целосно занемарување на мерките за безбедност.

– Непромислено и импулсивно однесување со штетни последици.

Злоставувањето од лице со АСПД не е нужно насилно, но кога е, тоа не покажува ниту чувство дека кого било повредило.

Причини за психопатија

Иако не е позната точната причина за АСПД, истражувачите веруваат дека развојот на ова пореметување може да вклучи комбинација на надворешни и генетски фактори.

Треба да се направат повеќе истражувања за да се разберат генетските аспекти на АСПД Досегашните истражувања проценуваат дека помеѓу 38 и 69 проценти од случаите може да бидат наследни. Покрај тоа, некои од надворешните придвижувачи на АСПД може да бидат занемарување и злоставување во детството, како и други негативни искуства од раното животно доба.

Кога се видливи првите психопатски црти на личноста?

За да биде подведена под АСПД, личноста мора да има најмалку 18 години. Меѓутоа, некои деца може да манифестираат пореметување на однесувањето кое може да укаже на ран развој на АСПД.

Ова пореметување на состојбата може со тек на времето да се подобрува. Воочено е дека детето со текот на созревањето може целосно да го надвладее антисоцијалното однесување.

Според насоките, кои се користат за одредување на АСПД, антисоцијалното однесување обично почнува околу 15 година од животот. Меѓутоа, пореметувањето не се дијагностицира до 18 година, зашто најлошото однесување може да се јави во доцните тинејџерски години (во текот на дваесеттите).

Психопатијата е еден од четирите кластери пореметувања на личноста кои стручњаците ги дефинираат како АСПД. Останатите три се: Гранично пореметување на личноста (БПД), Histrionic personality disorder (ХПД) и Нарцисоидно пореметување на личноста (НПД).

АСПД може многу тешко да се лекува зашто личноста на која ѝ е потребна помош најчесто не верува дека постои проблем со нејзиното однесување.

Психопатски црти на личноста и дијагностички критериуми

За да се утврди АСПД, стручно лице кај личноста треба да ги процени нејзините мисли, чувства, доминантни обрасци на однесување и односите со другите луѓе.

За да биде подредена под АСПД, личноста мора да покаже типични психопатски црти, а пред сè образец на непочитување и кршење на правата на другите луѓе.

Кога утврдуваат дали детето има пореметување во однесувањето, стручњаците гледаат како тоа се однесува кон луѓето што ги познава. Тука прво воочливо е опозиционо и пркосно однесување (Oppositional Defiant Disorder – ОДД).

Ако адолесцентот или тинејџерот покаже образец на агресија и кршење на општествените норми, клиничарот може да процени дека е во прашање пореметување на однесувањето (Conduct Disorder – ЦД).

За да се потврди АСПД пред 18. година, тинејџерот мора да има утврдено пореметување на однесувањето (ЦД) до својата 15. година од животот.

Може ли психопатијата да се лечи?

Психопатската структура на личноста е дефинирана како антисоцијално или асоцијално однесување. Лечењето на некој со тие особини не е лесно. Терапевтот може да препорача комбинација на психотерапија (терапија со разговор) и соодветни лекови.

Нема докази дека кој било лек или облик на психотерапија може да го излечи АСПД. Сепак, со овие методи може да се управува со некои симптоми како што се импулсивноста и агресијата. На тој начин може да се придонесе кон подобрување на вкупниот квалитет на животот на личноста со АСПД.

Истражувачите откриле дека кај некои луѓе со АСПД, состојбата може да се подобри или дури и да се повлече околу 35. година па натаму. Откриено е и дека лицата со силни општествени врски и поддршка од сопружниците и од семејството имаат добри шанси да доживеат ремисија.

Ако лековите се вклучени во планот за лекување, терапевтот може да препише лекови кои се користат за лекување сродни состојби, како што се анксиозност, депресија или симптоми на агресија.

Секој стручњак за ментално здравје може да го идентификува ова пореметување

Менталното здравје е способност на личноста да одржи позитивен ментален статус со продуктивно однесување и соочување со секојдневните стресори.

Психопатијата (социопатијата) е антисоцијално пореметување на личноста во чија основа е изменета емоционално-волевата структура на личноста. Термините „психопат“ и „социопат“ се користат како опис на некој со АСПД образец на однесување, иако тоа пореметување не е исто со тоа да се биде „антисоцијален“.

Психопатските црти на личноста првенствено укажуваат на однесување кое е во спротивност со општествените норми, но и општ недостиг на емпатија и грижа за другите луѓе.

Истражувачите на психопатијата откриле дека повеќето психопати ги имаат овие 3 заеднички црти на личноста:

– Недостиг на емпатија, вина, совест или каење.

– Плитки или сосема површни доживувања на чувства и емоции.

– Импулсивност и неспособност за одложување на задоволството и за контрола на однесувањето.

Наспроти сложеноста со која е опфатена АСПД, секој стручњак за ментално здравје е квалификуван да го идентификува ова пореметување на личноста и да понуди третман кој може да помогне.

Share This Article