Како што започна топлото време, пристигнаа и проблемите со комарците.
А нив ги има насекаде, особено сакаат да не „мачат“ кога сме на отворено и во близина на дрвја и излетнички места, но не не оставаат на мир ниту кога ќе си легнеме.
Дали некогаш сте се запрашале зошто овие инсекти напаѓаат некои луѓе, додека на другите не им приоѓаат и тие едноставно немаат проблем со нив?
Според Huf Post, одговорот лежи во фактот дека комарците се селективни инсекти, па некои луѓе имаат поголема веројатност да бидат каснати од другите.
Според едно истражување, инсектите слетувале на луѓе со крвна група О речиси двојно почесто отколку на луѓето со крвна група А.
Истражувачите забележале дека тоа има врска со секретите што ги произведуваат телата, поради што луѓето со одредени крвни групи се попривлечни за овие инсекти.
Точно, потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие тврдења.
Од друга страна, многу зависи и од облеката што ја носиме.
На пример, ако носите темна облека, ќе привлечете повеќе комарци бидејќи ќе се издвоите од хоризонтот, со оглед на тоа што комарците имаат одличен вид, додека оние што носат светли бои нема да бидат толку забележливи за инсектите.
Комарецот добива и „тактилни“ сигнали откако ќе слета на вас.
Тоа значи дека оние кои имаат повисока температура, кои вежбаат, се движат или пијат алкохол имаат поголеми шанси да бидат каснати од комарец, за разлика од оние кои се „поладни“.