Претседателот на САД Џо Бајден денеска во изјава за пресудата донесена синоќа од порота во Њујорк против Доналд Трамп а поради фалсификување документи и поткуп, истакна дека „никој не е над законот“ и дека неговиот соперник има право да ja апелира.
– Американскиот принцип е дека никој не е над законот – рече Бајден.
Тој изјави дека поротата беше составена од „12 луѓе како вас, кои ги ислушаа доказите и одговорија со едногласна пресуда“.
– Поротата беше одбрана на истиот начин како што се бира порота насекаде во Америка – изјави претседателот на САД, додавајќи дека адвокатите на Трамп биле дел од процесот.
Бајден рече дека на Трамп му била дадена секаква можност за одбрана.
– По внимателно разгледување поротата дојде до едногласна пресуда, тие утврдија дека Доналд Трамп е виновен по сите 34 точки за направени престапи.
Истакна и дека коментарот на Трамп даден претходно за време на прес-конференција во Њујорк во зградата Кула Трамп, рече дека е „безрасудно да се кажува дека одлуката е лажирана“.
– Сега му е дадеа можност како што треба, да оди на апелација, таа одлука е за и секој друг што има таква можност. Така работи американскиот судски систем – изјави Бајден.
Рече дека „е неразумно, опасно е, не е одговорно, за кој и да било да рече дека (пресудата) била лажирана само затоа што не им се допаѓа“.