Кај кумановски дилер пронајдени крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полициски службеници синоќа во 21:35 часот во Куманово го лишиле од слобода четириесет и тригодишниот кумановец Д.М., откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога – соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во информацијата.

Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово.

Share This Article