Кај дел од откупувачите има мало отстапување од договорената цена за пиперката. Согласно препораките на Инспекторатот сите ќе се коригираат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кај дел од откупувачите има мало отстапување од договорената цена за пиперката. Согласно препораките на Инспекторатот сите ќе се коригираат, изјави денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во општините Могила и Кивогаштани каде што беше заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум во контрола на откупот.

Тој им вети на земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка.

-Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откупот – рече Трипуновски.

Во наредните денови, додаде Трипуновски, ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите на кој  ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката.

Share This Article