Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола и 200 метри во Македонски Брод, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Оттаму препорачува де се прилагоди брзина на движење, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево