Каиро купува 555 тенкови, 2.138 ракети и прецизно наведувана муниција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американските власти одобрија продажба на воена опрема на Египет, вредна над 5 милијарди долари. Египет стана близок партнер на САД во посредувањето во кризата во Газа.

Стејт департментот го информираше Конгресот дека ја одобрил продажбата на опрема од 4,69 милијарди долари, односно на 555 тенкови М1А1 Абрамс, 630 милиони долари за 2.183 ракети воздух-земја Хелфире и 30 милиони долари за прецизно наведувана муниција.

„Продажбата ќе ја поддржи надворешната политика и националната безбедност на САД, помагајќи да се подобри безбедноста на главната земја сојузник што не е членка на НАТО, која продолжува да биде важен стратешки партнер на Блискиот Исток“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Американскиот претседател Џо Бајден ја презеде функцијата во 2021 година, ветувајќи поцврст став кон Египет поради загриженоста за човековите права под претседателот Абдел Фатах ал-Сиси, но неговата администрација постојано продолжува со договори за оружје со Египет.

Каиро е еден од најголемите приматели на американска безбедносна помош од неговиот мировен договор со Израел во 1979 година.

Share This Article