Кафе или зелен чај: Кој е поздрав, а кој напиток ќе не држи подолго будни?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако го споредиме односот на кофеинот во кафето и чајот, кафето содржи три пати повеќе кофеин од зелениот чај. Шолја кафе од 240 милилитри содржи 96 милиграми кофеин, додека истата шолја зелен чај содржи 29 милиграми.

Кофеинот има бројни корисни ефекти врз здравјето на луѓето, а покрај познатите ефекти го намалува и ризикот од деменција и други дегенеративни болести. Внесот од 400 милиграми кофеин дневно се смета за безбеден за возрасните. Сепак, препорачаната граница паѓа на 100 милиграми дневно за тинејџерите.

Зелениот чај и кафето имаат бројни здравствени придобивки, вклучително и висока содржина на антиоксиданси, а исто така помагаат во процесот на слабеење. Тие се особено богати со збир на антиоксиданси наречени полифеноли. Тие исто така помагаат во контрола на шеќерот во крвта и здравјето на срцето.

Покрај тоа, зелениот чај содржи амино киселина наречена Л-теанин, која позитивно влијае на функцијата на мозокот со зголемување на чувството на мирна будност, пренесува b92.

Сепак, има и некои недостатоци на овие два пијалоци. Имено, преголемиот внес на кофеин може да доведе до анксиозност и намалена потреба за сон. Ако консумирате повеќе кофеин од препорачаната доза, може да ги влошите симптомите на анксиозност и несоница, како и нарушувања на спиењето.

Затоа, подобар избор за луѓето кои патат од несоница или панично растројство би бил зелениот чај. Причината е помалата содржина на кофеин, но и поради тоа што содржи аминокиселина Л-теанин, која има смирувачки својства. Од друга страна, кафето би било посоодветен избор доколку барате зголемена будност или подобрена физичка активност.

Share This Article