Кафе бар на плажа во црногорското туристичко место Чањ, добил анонимна дојава за поставена бомба денеска, пренесува подгорички „Вијести“.
„Бич бар“ и капачите на плажата се евакуирани, а полицијата го обезбедува местото на настанот.
Инаку во непосредна близина на плажата во Чањ е сместен и македонскиот камп, основан од македонскиот извиднички одред ИПО Галеб. По акцијата на анти-терористичката единица на црногорската полиција, утврдено е дека во објектот не е поставена експлозивна направа.