Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров во изјава за Телеграм вели дека контраофанзивата на вооружените сили на Украина, за која пишуваат западните медиуми, ќе оди на рака на Русија, а за Украина ќе донесе големи загуби.
– За успешна контраофанзива им се потребни големи ресурси, загубите на напаѓачите се неизбежни – изјави Кадиров.
Тој додаде дека позициите на руската армија се „поволни и утврдени“.
Според него, методите и маневрите на вооружените сили на Украина се предвидливи, а одбранбената позиција на руските трупи ќе им овозможи да користат помалку ресурси.
– Контраофанзивата на украинските сатанисти и платениците на НАТО ќе работи во наша корист. И како цреша на тортата – трофеи, примероци од странска технологија, толпи затвореници кои, како и секогаш, ќе испаднат „воени готвачи или електричари. Значи, ако НАТО и украинските нацисти сакаат да извршат контранапад во која било насока, ја повикувам нашата војска да заплени што е можно повеќе примероци на сосема ново западно оружје за да ги надополни нашите колекции – изјави Кадиров.