Рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров.
По тој повод Кадиров на социјалните мрежи објави селфи-фотографија од нив двајца, пишувајќи дека го информирал претседателот за социјално-економската состојба во републиката, за достигнувањата на регионот и неговите идни перспективи.
Објавата на Кадиров не кажува ништо за вооружениот бунт на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, или за улогата на чеченските вооружени сили во неговото задушување.
Евгениј Пригожин го започна својот „марш на правдата“ на 23 јуни.
На 24 јуни, Кадиров остро го осуди тековниот бунт, нарекувајќи ги постапките на Пригожин „одвратно предавство“ и „нож во грб“ на државата.
Неколку часа подоцна, чеченските формации биле забележани на пат кон Ростов на Дон, кој потоа бил окупирани од силите на „Вагнер“.
Самиот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не кажа ништо за агендата на средбата или за што разговарале Путин и Кадиров.