More

    Каде се трошат парите од општинските каси?

    spot_img

    Највисоки трошоци за плати, придонеси, надоместоци. Најголеми приходна ставка се трансферите. Наплатата на данок на имот во првите шест месеци со „лазечко“ темпо. Колку и по кој основ се полнеле и трошеле локалните буџети?

    „Порталб“ објави детали за буџетските сметки  на дел од општините во првата половина од годинава.

    На приходната страна Општина Арачиново за шест месеци од данокот на имот наплатила 39.600 евра што претставува 30,5% од вкупните планирани приходи по овој основ. Во анализираниот период преку трансфери на сметката на оваа општина се слеале 1.147.000 евра. На расходната страна најголем дел од општинскиот буџет во износ од 788.700 евра се потрошиле за плати, придонеси и надоместоци. За привремени вработувања за половина година биле исплатени 35.000 евра.

    Една од поголемите расходни ставки е „разни трансфери“ преку која се одлеале 64.200 евра. Во првото полугодие оваа општина потрошила 42,4% од планираниот буџет а собрала скоро 43,7% од вкупните планирани приходи со вклучени донации, дотации и трансфери.

    Општина Боговиње во првата половина од годинава по основ на данок на имот наплатила 168. 300 евра што претставува 44,4% во однос на планот за годинава. Преку ставката трансфери на сметка на општината се слеале 2. 130.000 евра. За плати, придонеси и надоместоци за половина година се потрошени 1.760.000 евра. Преку ставката „други градежни објекти“ се исплатиле 376.000 евра, за договорни услуги 40.000 евра а за привремени вработувања скоро 100.000 евра. За шест месеци реализацијата на приходната страна изнесува 40,7% а на расходната 40%.

    За шест месеци Општина Гостивар собрала скоро 564.000 евра од данок на имот или 39,6% во однос на планираното. Преку трансфери оваа општина добила 7. 520. 000 евра. На расходната страна најголем удел имаат ставките за плати, придонеси и надоместоци во износ од 7.000.000 евра. За договорни услуги биле исплатени скоро 393.400 а за привремени вработувања 183.900 евра. Една од повисоките расходни ставки е „други градежни објекти“ преку која се исплатиле 551.530 евра. На приходната страна реализацијата изнесува 43,9% а на расходната страна 43,6%.

    Општина Дебар во првото полугодие од годинава собрала 32,9% од данокот на имот или износ од 66.855 евра а преку ставката „трансфери“ се слеале 2.227.500 евра. Преку расходната страна за плати, придонеси и надоместоци се одлеале речиси 2. 107. 000 евра. По основ на договорни услуги биле исплатени скоро 85.000 евра а за привремени вработувања 23 000 евра. Една од поголемите расходни ставки е онаа за комунални услуги, па така за половина година по овој основ се потрошиле скоро 312.000 евра. За шест месеци општина Дебар реализирала 48,2% на приходната страна и а на расходите 47,3%.

    Од данокот на имот Општина Кичево за шест месеци наплатила скоро 250.000 евра што претставува 32,6% во однос на планираното. Преку ставката за трансфери на сметката на оваа општина за шест месеци се слеале 5.621.000 евра. На приходната страна од такси и надоместоци се наплатени 73.000 евра.

    На расходната страна се потрошиле 4.843.000 евра за плати, надоместоци и придонеси што заедно претставуваат најголема трошочна ставка во буџетот на оваа општина. Преку ставката „други градежни објекти“ се исплатиле 819 500 евра а за договорни услуги скоро 313.000 евра. За комунални услуги за половина година се потрошени 337 000 евра. Во првото полугодие на приходната страна реализацијата изнесува 43,5% а на расходната страна 39,1%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img