Каде и кога ќе се одржи најавената средба меѓу Путин и Трамп?

Lorita
By Lorita 11 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден куп земји во Европа се нудат да бидат домаќини на настанот кој може да ја смени светската политика оваа година – евентуалната средба меѓу лидерите на САД и Русија за решавање на војната во Украина. Која земја ќе ја добие честа да биде историскиот „миротворец“? Додека копјата изминатата година се кршеа меѓу Турција и Унгарија, сега Швајцарија и Србија влегуваат во играта.

Турција и Швајцарија веќе беа домаќини на разговори изминатите години, додека Кина веќе понуди свои конкретни решенија за крај. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски од базата Рамштајн во Германија порача дека сака годинава да ја заврши војната, но најпрвин да се договори со Трамп за силни безбедносни гаранции од САД.

Во неделата одекна најавата на српскиот лидер Александар Вучиќ дека ќе им осигура безбедна средба на рускиот лидер Владимир Путин во Србија која, според него, е европската земја со најголема поддршка за Доналд Трамп во која истовремено Путин останува многу популарен.

Дека „срамежливиот флерт“ меѓу Путин и Трамп може да заврши со средба во наредните денови и недели најави и Мајк Волц, кандидатот за советник за национална безбедност во новата администрација на Трамп.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека „многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа за потенцијални преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но дека е прерано да се зборува за тоа“.

Швајцарија се нуди, но помина неславно првиот пат

Швајцарскиот весник „Темп“ напиша дека земјата е подготвена да биде домаќин на разговорите и дека швајцарското Министерство за надворешни работи ги информирало Русија, Украина и САД за ова по самитот во Биргнешток.

Швајцарските власти, меѓутоа, нема да преземат иницијатива по ова прашање.

Минатиот 15 јуни на езерото Луцерн во Швајцарија се одржа мировна конференција на која Русија не беше поканета. На состанокот 80 земји потпишаа Декларација дека, како суверена нација, само Украина може да одлучи за својата иднина.

По завршетокот Зеленски за првпат рече дека сака Русија да биде присутна на следните разговори и навести преговори. Кремљ одговори со повторување на своите позиции Украина да се откаже од НАТО и да ги повлече трупите од окупираните региони.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, два дена по самитот тогашниот генсек на НАТО Јенс Столтенберг се закани со распоредување нуклеарен арсенал на границите на Алијансата во низа на вербални препукувања со Кремљ.

Кај Фицо во Словачка, зошто да не?

На 27 декември Путин изјави дека е отворен за мировни преговори со Украина во Словачка „ако дојде до нив“, пренесува британскиот Скај Њуз.

Путин тогаш отврди дека словачкиот премиер Роберт Фицо ја понудил Словачка како место за преговори.

- Advertisement -
Ad image

– Немаме ништо против, ако се случи. Зошто да не? Словачка зазема неутрална позиција – изјави Путин, додавајќи дека е решен да го заврши конфликтот во Украина.

Турција веќе беше домаќин, ама Борис Џонсон ја расипа калимерата?

Кон крајот на март 2022 година Истанбул беше домаќин на првиот обид за преговори во војната, а според Путин тие пропаднале поради мешањето на тогашниот британски премиер Борис Џонсон во одлуките на украинската страна.

– Точно, имаше уште некои детали кои требаше да се финализираат, но во целина одобрението е сè уште валидно. Се работи за документ. Но, потоа пристигна (тогашниот британски премиер) Борис Џонсон, кој, како што е познато, и британските власти го потврдуваат тоа, тој им наложи на Украинците да се борат до последниот Украинец. Тоа се случува денеска во обид да го постигнат стратешкиот пораз на Русија. Ова не функционира – изјави Путин минатиот септември.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повеќепати им ги нудеше своите дипломатски услуги на Москва, Вашингтон и на Киев. Лани на 29 февруари тој рече дека земјата има мировна платформа за праведен и траен мир повикувајќи да се утврдарт „општите параметри на мирот“.

Тој потсети дека Турција помогна во спроведувањето на Црноморската иницијатива за жито, од која Русија се повлече во летото 2023 година.

Ердоган ја повтори понудата летото на средба со Путин. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека „не, не е можно“ Ердоган да посредува во преговорите. На 13 септември Песков изјави дека не се согласува со идејата на Ердоган дека Крим треба да се врати под контрола на Украина.

– Тука имаме сосема различни мислења. Во исто време, не се откажуваме од обидот да им го објасниме нашето гледиште, нашата позиција на нашите турски пријатели и колеги – рече Песков.

По неуспешните преговори во Истанбул, унгарскиот премиер Виктор Орбан му предложи на Путин да ги пресели преговорите во Унгарија, но безуспешно. Војната зеде замав.

Орбан пак ќе пие кафе?

Обидите на унгарскиот премиер Виктор Орбан да посредува меѓу завојуваните страни беа одбележани со посети во Москва и во Киев, но и со бројни остри осуди за испораките на западно оружје и помош за Украина за што Орбан често добиваше критики за време на унгарското претседателство на ЕУ.

На 9 јули за „Билд“ Орбан рече дека и во Москва и во Киев му рекле дека примирје би му дало предност на непријателот и дека е песимист дека борбите ќе завршат. Тој потоа се упати кон Пекинг.

Во август украинските трупи ја започнаа офанзивата во Курск. Во октомври Зеленски го претстави својот мировен план во 5 точки, но тој беше одбиен од американскиот претседател Џо Бајден.

На 5 ноември на изборите во САД победи Доналд Трамп што ги разгоре најавите за можни преговори. Во меѓувреме, Украина ја нападна Русија со ракети со долг дострел, а Русија одговори со напад со ракетите „Орешник“ и со промена на нуклеарната доктрина.

Орбан на 11 декември телефонски му предложи „божикно примирје“ и размена на воени заробеници на Путин, додека Зеленски одби да се слушне со него. Киев го одбри предлогот, додека Москва соопшти дека вреди да се размисли за идејата. Борбите во Украина продолжија и за време на новогодишните празници.

На 18 декември украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „на Украина не ѝ се потребни посредници како унгарскиот премиер Виктор Орбан. Нема да го пуштам него и луѓето како него“.

Која ќе биде улогата на Орбан во евентуалните преговори? Унгарскиот премиер познат по честите блокади на помошта на Брисел за Киев, на 15 декември 2023 година изненади со тоа што „отиде да пие кафе“ на гласањео за отворањето преговори на ЕУ со Украина и со Молдавија.

„Кафето на Орбан“ му беше припишано како успех на тогашниот германски канцелар Олаф Шолц кој, наводно му ја дал идејата.

 

Што сака Зеленски, а што Путин?

Силните безбедносни гаранции кои ги побара Зеленски во интерјву за „Раи Њуз 24“ како еден услов за крај на војната се само дел од работите кои би биле дел од сложените преговори. Во кој формат би биле обезбедени овие гаранции имајќи ги предвид написите на „Њујорк Тајмс“ дека една од понудите од новата администрацијата на Трамп ќе биде и демилитаризирана зона долж сегашниот фронт во Украина кој треба да биде замрзнат?

Истовремено, Франција не ја исклучи можноста за испраќање воени трупи во Украина. Што ќе значи тоа за можното членство на Киев во НАТО?

Зеленски на 2 декември во интервју за Кјодо њуз изјави дека Крим може да ѝ биде вратен на Украина само преку дипломатски канали. Во истото интервју тој побара покана за членство во НАТО.

Францускиот претседател Емануел Макрон на 6 јануари порача дека Киев треба да биде реалистичен во врска со територијалните прашања, а дека Европејците се тие кои ќе треба да изградат безбедносни гаранции.

Наводниот мироен план на советниците на Трамп кој „Волстрит џурнал“ го објави минатиот ноември беше исмеан од Кремљ. Европските трупи, како што наведува медиумот, би патролирале околу 80% од територијата на Украина, а тоа фактички би значело дека Украина неформално би била дел од НАТО.

Москва повеќепати ги повтори своите барања за „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина.

Сепак, на 25 декември министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека прекинот на огнот во Украина нема да ја задоволи Москва која бара сигурен и обврзувачки договор, навестувајќи ја можноста за преговори во скоро време.

– Нема да ни одговара примирје. Потребни ни се сигурни, правно обврзувачки договори кои имаат за цел да ги елиминираат главните причини за конфликтот, вклучително и заедничката безбедност во Европа, проширувањето на НАТО и, се разбира, правата на луѓето кои живеат на териториите и кои зборуваа за повторно обединување со Русија.

Тој рече дека сè уште нема суштински подготовки за средбата Путин-Трамп, но додаде дека постои политичка волја за тоа. Претходно, Песков изјави дека Путин е спремен за преговори без никакви предуслови.

Трамп на 10 јануари од неговиот имот во Флорида рече дека Путин сака средба.

Свои рамки за мир во војната даде и Кина, во својот план со 12 точки од 24 февруари во кој се изразува потребата од забрана на какви било нуклеарни војни и создавање постконфликтна реконструкција од меѓународната заедница.

Во меѓувреме борбите на фронтот продолжуваат на новиот „енергетски фронт“. Украина го сопре рускиот гас за Словачка што поминува преку нејзината територија, а Москва тврди дека соборила 9 украински дронови кои го нападнале гасоводот Турски тек.

Share This Article