Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол денеска прогласи национална демографска вонредна состојба поради намалувањето на населението, ветувајќи дека ќе вложи максимални напори за борба против екстремно ниската стапка на наталитет во земјата.
Јол го изјави ова за време на состанокот на претседателскиот комитет за ниска стапка на наталитет и стареење на населението, кој предупреди дека населението во Јужна Кореја на крајот би можело да изумре доколку трендот на екстремно ниска стапка на наталитет не се промени.
– Денеска официјално прогласувам национална демографска вонредна состојба. Ќе активираме сеопфатен систем за одговор на владино ниво додека не се надмине проблемот со нискиот наталитет – рече Јол.