Јужнокорејската противпожарна служба соопшти дека 120 лица загинале во авионска несреќа во Јужна Кореја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

 Јужнокорејската противпожарна служба соопшти дека 120 лица загинале во авионска несреќа во Јужна Кореја, откако патнички авион утринава излета од пистата на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

Во авионот имало 181 лице – 175 патници и шест членови на екипажот.

Само двајца патници се спасени.

„Досега двајца се спасени, 120 потврдено е дека се загинати“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.

Авионот „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) се урна при слетувањето oколу 9 часот по локално време. Авионот летал од Бангкок.

Противпожарната служба соопшти дека несреќата најверојатно била предизвикана од удар на птици во комбинација со лоши временски услови.

Share This Article