Јужниот сосед нема да забрани извоз на мазут и јаглен за нас

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Договорено е Грција да обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергија во Македонија, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со шефот на грчката влада Киријакос Мицотакис во Атина, Грција.

– Снабдувањето со јаглен ќе се одвива непречено во четвртиот квартал од 2022 и во првиот квартал од 2023 во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ќе има непречено снабдување со мазут преку Грција, за непречено да функционира ТЕЦ Неготино. Веќе се јавуваат недостатоци на енергенси во Европа, па треба да обезбедиме непречено снабдување со овие суровини и да нема нивно ограничување при увозот – рече Ковачевски.

Тој и Мицотакис разговарале за гасоводот од Евзони до Неготино, за кој веќе има понуди за закупување капацитети и кој би требало да почне да се гради до крајот на годинава. Се разговарало и за голема гасна централа до 200 мегавати во Скопје.

– Имаме постапки за набавка на овие суровини и тие се прават во континуитет. Грција има големи наоѓалишта на јаглен и компаниите во Грција и нашиот ЕСМ треба да направат анализа за подолгорочно снабдување и испорака во Северна Македонија – рече Ковачевски.

Share This Article