Јужна Кореја: Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти во неделата јужнокорејската војска, еден ден откако висок американски претставник го напушти Сеул.

Началникот на Здружениот Генералштаб на Сеул соопшти дека Северна Кореја истрелала „непознат“ проектил, без објаснување.

Јапонската влада исто така објави сомнеж дека Северна Кореја лансирала балистичка ракета, наведува Ројтерс.

Еден ден претходно, Јужна Кореја и Соединетите Држави ги завршија своите први воени вежби во кои учествуваше американски носач на авиони по повеќе од четири години.

Во последните неколку недели, Северна Кореја истрела серија проектили, вклучувајќи ја и нејзината најголема интерконтинентална балистичка ракета.

Американскиот специјален претставник Сунг Ким се состана со неговите колеги од Јужна Кореја и Јапонија Ким Гун и Фунакоши Такехир во петокот во Сеул за да се подготви за „сите непредвидени ситуации“ по индициите дека Северна Кореја се подготвува да изврши нуклеарна проба за прв пат од 2017 година.

Вашингтон многу јасно му стави до знаење на Пјонгјанг дека е отворен за дипломатија, рече Ким за време на посетата, истакнувајќи дека е подготвен да разговара за прашања од интерес за Пјонгјанг, како што е олеснување на санкциите.

Минатата недела САД побараа дополнителни санкции на ОН за Северна Кореја поради нејзиното лансирање балистички ракети, но Кина и Русија ставија вето на предлогот.

Share This Article