Јужна Кореја и САД лансираа балистички ракети како предупредување до Северна Кореја

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јужна Кореја и САД денеска истрелаа осум балистички ракети како одговор на севернокорејското лансирање ракета со краток дострел во неделата. Ова е втора ваква заедничка демонстрација на сојузничката моќ предводена од новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол, кој вети построг став кон Пјонгјанг, пренесува француската новинска агенција АФП.

Јужнокорејскиот и американскиот воен штаб соопштија дека сојузниците истрелале осум балистички ракети врз цели во Источното Море, познато и како Јапонско Море. Десетминутното лансирање дојде само еден ден откако и Северна Кореја истрела осум балистички ракети со краток дострел. Пјонгјанг ги истрела ракетите по тридневната воена вежба на американската и јужнокорејската морнарица во Филипинското Море, во која учествуваше и носачот на авиони УСС Роналд Реган.

„Нашата војска силно ја осудува серијата провокации на севернокорејски балистички ракети и ја повикува веднаш да ги прекине акциите што ги зголемуваат воените тензии на полуостровот“, соопшти јужнокорејската војска.

Денешните лансирања се втора ваква заедничка демонстрација на сојузничката моќ под водство на новиот јужнокорејски претседател, кој вети построг став кон Пјонгјанг. „Нашата влада ќе одговори одлучно и остро на сите севернокорејски провокации“, изјави денеска претседателот Јун Сук-Јол.

Сеул и Вашингтон изведоа заеднички лансирања минатиот месец откако Пјонгјанг истрела три балистички ракети, вклучително и наводна интерконтинентална балистичка ракета. Од почетокот на оваа година, Северна Кореја изврши повеќе од десетина тестови на оружје, а последната на 25 мај.

Пјонгјанг ги удвои напорите да ја надгради својата програма за вооружување и покрај разорните економски санкции, а владините претставници и аналитичарите предупредуваат дека режимот се подготвува за нова нуклеарна проба.

Share This Article