More

    Јужна и Северна Кореја разменија предупредувачки истрели

    spot_img

    Во понеделникот наутро, јужнокорејската војска испука предупредувачки истрели кон севернокорејски брод, оценувајќи дека ја прекршил поморската граница околу која се расправаат двете земји, објави новинската агенција Јонхап.

    Севернокорејски товарен брод ја преминал северната гранична линија (НЛЛ) во близина на островот Баенгјеонг во 3:42 часот, а потоа се вратил на север по предупредувачките истрели од јужнокорејската војска, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја, пренесе Јонхап.

    Агенцијата пренесува и соопштение на севернокорејската армија во која се тврди дека јужнокорејски воен брод ја нарушил границата неколку минути подоцна, а војската на Пјонгјанг реагирала со истрелување десет артилериски гранати како предупредување.

    „Уште еднаш упативме строго предупредување до непријателите кои стојат зад овие провокации на море кои доаѓаат по артилерискиот оган и објавувањето на прекугранични пораки преку звучници“, изјави портпаролот на Генералштабот на севернокорејската војска.

    Поморската граница, која се смета за жешка точка, низ годините беше сцена на серија судири меѓу двете Кореи.

    Но, тензиите се зголемија во последниве недели по ракетното лансирање на Пјонгјанг и артилерискиот бараж, што Јужна Кореја и Јапонија го оценија како провокација.

    Размената на предупредувачки истрели во понеделник доаѓа кога американската државна потсекретарка Венди Шерман пристигнува во Јапонија на трилатерални разговори со Токио и Сеул, сојузниците на Вашингтон, кои треба да бидат приказ на единство по последователните лансирања на проектили од Северна Кореја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img