На фармата биле убиени две жени, а работниците и сопственикот со нивните тела ги хранеле свињите. Сопругот на едната бил застрелан, но успеал да добие помош.
Тројца мажи се обвинети дека убиле две жени и ги нахраниле нивните тела свињи на фармата каде што работат.
Сопственикот на фармата Закарија Јоханес Оливие (60), надзорникот Адријан Рудолф де Вет (19) и вработениот Вилијам Мусора (45) сведочеа пред судот во Јужна Африка каде им се суди за убиство со умисла, обид за убиство и поседување огнено оружје без дозвола.
Жртвите Локадија Ндлову и Марија Макгато, наводно, дошле на фармата на Оливие во северната провинција Лимпопо во август, кога биле убиени, пишува Sky News.
Со нив бил и сопругот на г-ѓа Ндлову Мабуто и изјавил дека бил застрелан. Успеал да ползи до блискиот пат каде побарал помош. Полицијата веднаш дошла на фармата, но не ги нашла двете жени. Меѓутоа, неколку дена подоцна, остатоците од нивните тела биле пронајдени во свињарникот.
Полицијата потврди дека жените на возраст од 47 и 34 години ги растргнале свињите и дека нивните тела имале бројни прострелни рани.