Вчера Јувентус го совлада Удинезе со минимален резултат и оствари многу важна победа за продолжението на првенството.
Но, сите ги загрижи фактот што аргентинскиот играч Анхел Ди Марија на средината на вториот дел излезе со болна гримаса на лицето. Според првите информации од Италија, Ди Марија не се здобил со некоја потешка повреда, туку само превентивно бил заменет во 66. минута од натпреварот.
Крилниот напаѓач задоцни се врати во Торино бидејќи доби неколку слободни денови поради освојувањето на Светското првенство и прославите кои потоа се одржаа во Аргентина.
„Неговата игра беше извонредна на технички план, имаше неколку фантастични потези во вториот дел. Тој е играч на друго ниво. Тоа беше само мал грч, нема што да се грижиш. Нормално е откако одигра 65 минути кога беше надвор од терените 15 дена“, изјави по натпреварот тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, со што стави крај на сите шпекулации за повредата на неговиот играч.
Аргентинецот оваа сезона забележа осум настапи за Стара Дама, која моментално е втора во Серија А.