More

    Јувентус мора да го „жртвува“ Србинот?

    spot_img

    Додека српскиот напаѓач Душан Влаховиќ со сите сили се труди да си ја поврати формата што ја загуби поради повредата и конечно на свое препознатливо ниво да заигра на Светското првенство во Катар, тој, всушност, истовремено подготвува и трансфер.

    Во Јувентус не стојат добро работите, а неодамна цела управа на клубот си поднесе оставка, а можни се и кривични пријави. Па така, кога српскиот репрезентативец ќе се врати во Торино од Доха, тој ќе пристигне во „обезглавен“ клуб.

    Затоа, во фудбалскиот свет кружат информации дека Влаховиќ наводно решил да го напушти Јувентус. Клубот од Италија е во огромен финансиски минус и нема пари за реновирање на екипата, додека, пак, парите од продажбата на Влаховиќ би можеле да послужат за покривање стари долгови.

    Србинот е откупен за 60 милиони евра од Фиорентина, па наводно тој би можел да го замени Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

    Искусниот 37-годишен Португалец е пред потис на најголемиот договор во историјата на фудбалот – тој ќе го носи дресот на Ал Насри од Саудиска Арабија, додека, пак, Манчестер јунајтед е во активна потрага за квалитетен напаѓач.

    Премиерлигашот, наводно е подготвен да инаксира 70 милиони евра за Влаховиќ, но тешко дека Јувентус би прифатил таква понуда. „Старата дама“, сепак, очекува многу повеќе пари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img