More

    Јувентус е во потрага по замена за Погба

    spot_img

    Раководството на Јувентус до крајот на преодниот рок ќе се обиде да најде фудбалер, кој треба да го замени повредениот Пол Погба, пренесуваат италијанските медиуми.

    Французинот неодамна пристигна во Јувентус од Манчестер Јунајтед, но пред неколку дена го повреди менискусот на коленото.

    Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ тврди дека Погба ќе мора да оди на операција, поради што играчот на Јувентус го очекува пауза од најмалку четири месеци, иако на почетокот се мислеше дека паузата ќе биде околу два месеци.

    Поради ова, напаѓачот би можел да го пропушти Светското првенство во Катар, кое започнува на крајот на ноември. „Старата дама“ сега е во неволја бидејќи иако летово во истиот преоден рок го вратија Погба, мора да бараат замена.

    Засега се шпекулира дека би можел да биде играчот на Атлетико, Саул Нигез, кој би пристигнал во торинскиот клуб на позајмица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img