More

    Јунајтед за него плати вистинско богатство, а сега му е изречена забрана за влез во клупската менза

    spot_img

    Најголемиот фудбалски бисер во еден момент сега е во отворен конфликт со тренерот. Клубот реши да направи драстичен потег.

    Џејдон Санчо пристигна во Манчестер Јунајтед пред две години за 85 милиони евра по блескавите партии во дресот на Борусија Дортмунд.

    Тогаш се пишуваше дека „црвените ѓаволи“ ги решиле сите проблеми во иднина и дека нашле човек околу кој ќе градат цел тим. Сепак, иднината не е толку светла на „Олд Трафорд“ за овој играч бидејќи влезе во конфликт со Ерик тен Хаг.

    Јунајтед реши да реагира, и му забрани да влегува во сите простории што ги користи клубот, па дури и да ја користи клупската менза.

    Во моментов крилниот напаѓач тренира со играчи од клупската академија, а тоа е логична последица на неговата изјава дека тренерот лаже откако Тен Хаг изјави дека Санчо не се потрудил да тренира.

    Санчо оцени дека тренерот го гледа како жртвено јагне и дека неговиот напор на тренинзите секогаш бил соодветен.

    Како решение за овој конфликт, англиските медиуми предлагаат извинување од играчот, бидејќи иако ја избриша спорната објава, никогаш не понуди извинување за постапката.

    Тен Хаг изјави дека не е сигурен дали има иднина за Санчо во Јунајтед, а играчот досега одигра 82 натпревари со 12 гола и шест асистенции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img