Јунајтед оствари рекорден приход, но и загуба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед забележа рекорден приход во износ од 648.4 милиони фунти во финансиската година која заврши на 30 јуни.

Вкупниот приход пораснал за 11 отсто во однос на претходната година и го надмина претходниот рекорд на лигата кој Јунјатед го постави во 2019 година.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ во истиот период е во загуба од 42.1 милиони фунти.

Фондот за плати во Јунјатед опаднал за 52.8 милиони фунти на вкупно 331.4 милиони фунти, што се должи на заминувањето на неколкумина скапи играчи, како и неиграњето во Лигата на шампиони.

Share This Article