Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија на 16 февруари, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за погреб.
Таа во видео објавено на Јутјуб го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека го држи телото на Навални како, како што наведе, „заложник“ и затоа ја доведува во прашање христијанската вера на рускиот лидер.
– Ниту еден вистински христијанин никогаш не би можел да го направи она што го прави Путин сега со телото на Алексеј – рече Јулија.
Таа во видеото тврди и дека Путин е лично одговорен за ова и дека го „мачи“ Навални во смрт „исто како што правеше во текот на неговиот живот“.