More

    Јули ќе биде најтоплиот месец, со највисоки температури досега забележани некаде во светот

    spot_img

    Во услови на големи топлотни бранови, практично е извесно дека јули ќе биде најтоплиот месец, со највисоки температури досега забележани некаде во светот, велат научниците.

    Во јули годинава ќе бидат урнати топлинските рекорди, бидејќи се предвидува дека глобалната просечна температура за овој месец ќе биде околу 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа, се вели во анализата на Универзитетот во Лајпциг, објавена денеска.

    Овој јули ќе биде најмалку 0,2 степени Целзиусови потопол од јули 2019 година, што беше најтопол во изминатите 174 години мерења, покажуваат податоците на Европската Унија.

    Разликата помеѓу оваа година и јули 2019 година е „толку значителна што веќе можеме со апсолутна сигурност да кажеме дека ова ќе биде најтоплиот јули“, изјави климатологот од Лајпциг, Карстен Хаустејн.

    Некои научници веруваат дека јули оваа година би можел да биде дури и најтоплиот месец во изминатите 120.000 години, додава Би-би-си.

    Светската метеоролошка организација на ОН (СМО) исто така соопшти дека е „исклучително веројатно“ јули 2023 година да достигне рекорд, но оти нема отворено да зборува за тоа додека не бидат достапни сите конечни податоци.

    Новиот шеф на агенцијата на ОН за наука за климата, Џим Скија изјави дека светот ќе ја надмине целта од Парискиот договор за загревање од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, и истакна дека политиките на земјите не се доволно амбициозни.

    – Владите не воведоа политики што се доволно амбициозни за да овозможат исполнување на целите од Парискиот договор. Тоа е сигурно – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img