More

    ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар

    spot_img

    Врз основа на Одлуката бр. 02-632/6 донесена од страна на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид на ден 01.12.2023г., В.Д Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид обајвува:

    О Г Л А С

    ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.

    Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
     Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчии и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
     Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани.
     Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.

    При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места како и Одлуката за цени и критериуми за распределба на тезги.
    Комплетната документација да се достави до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид, каде ќе биде заверена со датум,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци.
    Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието и да има комплетна документација.
    Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.

    Огласот се однесува за периодот од 01.01.2024 година до 31.12.2024 година.
    Огласот за пријавување трае од 01.12.2023 – 15.12.2023 година.

    Непотполни, ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.

    Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид.

    ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид

    ВД Директор
    Александар Попоски

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img