More

    Јовески вели дека ОЈО прибира докази за девојчето од Битола

    spot_img

    Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека Обвинителството работи на обезбедување на докази за смртта на шестгодишното девојче кое почина во битолската Болница.

    Одговарајќи на новинарски прашања, Јовески посочи дека сè уште ги немаат добиено резултатите од обдукцијата, но дека се сослушани повеќе лица за кои Обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат во расветлување на овој случај.

    – Јавниот обвинител од надлежното Обвинителство во Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Сè уште протоколот од извршената обдукција Обвинителството не го добило. Во исто време Обвинителството работи на обезбедување и на други докази – рече Јовески по потпишувањето на меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи.

    Шестгодишното девојче почина минатата недела во битолската Болница, а вчера во Битола и Скопје се одржаа протести со кои се побара целосно расветлување на овој случај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img