Истрага, одговорност и оставка.
Ова се барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако јавноста дозна дека првиот вицепремиер Артан Груби користел возило со флешери кое не го пријавил како негова сопственост.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески објаснува дека истрага ќе биде отворена доколку се утврдат елементи на кривично дело од конкретно лице.
– Јас би се засрамил. Имам дополнително прашање: Кога ќе поднесете оставка? – праша пратеникот од редовитена ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
На ова прашање Јовески кратко одговори:
– Тоа задоволство нема да ви го овозможам!
Пратеникот побара одговор и на прашањето дали е отворена истрага за вицепремиерот Груби, чие дело може да се казни со затвор од 6 месеци до 5 години, како и за пријателот што му подарил возило од 80.000 евра.
– Обвинителството прибира податоци за целиот случај и за сите околности – одговори Јовески.
Инаку, пред 5 дена на улица во Чаир, среде ноќ, беше запалено луксузното возило „ауди“ што го користел Груби.
Во неговиот анкетен лист пријавено е само возило „цитроен ксара“ старо 22 години во вредност од 1.000 евра, а за кое потврди дека го користи неговиот татко.