Српската водителка Јована Јеремиќ долго време ужива во врска со бизнисменот Драган Станковиќ, кој е 14 години постар од неа, кој поседува синџир пекари и не престанува да ја интригира јавноста со своите изјави и однесување, а тоа успеа уште еднаш да го направи кога одговараше на интимни прашања.
– Кога ја изгуби невиноста? – ја прашал Огњен Амиџиќ, водителот на „Амиџи шоу“, а потоа настанал шок во студиото.
– Невиноста ја изгубив на 23 ипол години. Се колнам. Мора да сфатиш, јас никогаш не лажам на телевизија, ја изгубив невиноста, нема сега да се срамам како сите други, прашај ме Огњен, постави ми го тоа прашање, нема од што да се срамам, на 23 ипол години, за другите е шега, јас најмногу го сакав тоа момче, голем поздрав за него, беше голем господин, крал, поздрав за него – рекла Јована.
Гостите не можеле да веруваат во тоа што го слушаат, па неколкупати ја прашале дали е тоа вистина.