Јован Тозиевски -Градоначалник на Општина Ресен-Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија?

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев (Кукуш 4 Февруари 1872 – Баница 4 мај 1903), еден од најголемите чинители на македонската независна држава кој го положи својот живот за слободна Македонија.
По тој повод со претседателот на советот на Општина Ресен, положивме свежо цвеќе пред спомен бистата пред основното училиште кое го носи името Гоце Делчев.
Гоце е деец, кој зазема врвно место во историјата на македонското национално движење за ослободувањето на Македонија и за нејзина независност и сувереност.
Затоа сите заедно да го чествуваме овој ден и да не го забораваме да го пренесуваме Гоцевото чествување на понатамошните генерации, бидејќи Делчев претставува голем домољуб кој си ја сакал татковината, а тоа го докажал со своите дела и со својот згаснат живот за неа.
Неговите цитати вечно ќе останат врежани во нашите сеќавања и често ќе се споменуваат како овој, за да не заборавиме,
,,Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија”.
Вечна слава.-Јован Тозиевски -Градоначалник на Општина Ресен

Share This Article