ЈОУ Културен и информативен центар Битола, партнери на ИФФК Браќа Манки, со известување за граѓаните.
Поради големиот интерес за утрешната светска премиера на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски , истата ќе има паралелна проекција, каде ако не во Кино Манаки на КИЦ Битола, со почеток во 21.30 ч.
Влезници во ограничен број поради капацитетот на кино салата по цена од 100 денари ќе можат да се купат на билетарата на Кино Манаки, денеска од 10.00 – 16.00 ч. и утре 23.09 од 19.00 – 21.30 ч.
со почит,
КИЦ Битола