Јорданов побара помош од пожарникари од другите градови

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна.

Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб ги повика граѓаните да избегнуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови. Пожарот се доближи на неколку километри над селата Селце, Драгоево и Пиперово.

Утрово, претставници на сите институции, пожарникари, членови на здруженија и локални мештани ќе бидат на терен придружени од механизација за да се направат обрачи околу селата и да се гасне пожарот на Серта.

Градоначалникот Иван Јорданов синоќа повика помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион.

– Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден. Потребна е вклучување на целата механизација на јавните претпријатија, Општина Штип, како и сите градежени компании на територија на Општина Штип заради полесно справување со пожарите, коишто се на територија на Општина Штип за создавање на заштитни обрачи од земјени наноси – изјави Јорданов.

Меѓу одлуките на вчерашниот Кризен штаб се и вклучување на Ловното здружение, оф роуд друштвата, месното население кое е засегнато, заради логистичка поддршка, како и за информации на теренот. Потребно е вклучување на тимови на Итната медицинска помош и Црвен Крст на жариштата каде е пожарот на Серта.

Пожарот во Неготинско, пак, го зафати и ридот со ендемично лале, подрачје под заштита на локалната самоуправа.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак и сите критични објекти се безбедни.

Аармиските припадници кои се на терен локализирале краци на пожарите кои, како што се наведува, „може да бидат потенцијално загрозувачки за инфраструктурни објекти од посебно значење“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article