Еден од главните актери на целиот „НБА циркус“, Никола Јокиќ се појави на првата официјална прес конференција и нормално целиот аудиториум е свртен кон него. Од проста причина што Јокиќ беше на одмор во својата Србија, и е реално тотално недостапен за јавноста во САД и тој дел од светот, па при првиот контакт со него, новинарите имаа еден куп прашања за него.
Секако, првото кое што беше поставено е како го минал летото, и дали воопшто имал допир со топка во меѓувреме.
„Неколку пати“ – изјави дипломатски Јокиќ, на што неговиот соиграч Џамал Мареј, кој исто така беше дел од прес конференцијата направи смешна гримаса и шепна во микрофонот.. „не… фатил топка“….
Секако, целата сала се насмеа што е и за очекување, со оглед на екстремно големиот напор кој го имаат НБА кошаркарите, и нормално е дел од летниот период буквално да се одморат од кошарка.
За разлика од медиумите во САД, нивните колеги од Србија го следеа Јокиќ во секој чекор, па тој честопати можеше да се види како се забавува во својот роден град, но и на други места низ Србија. Јокиќ иако не беше на Светското првенство во кошарка, тој присуствуваше на забавата која беше организирана за неговите соиграчи од репрезентацијата и таму беше во центарот на вниманието.