Јокиќ разочаран по најтешкиот пораз во историјата на Денвер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кошаркарите на Денвер Нагетс го доживеаја најтешкиот пораз во историјата на франшизата кога е во прашање НБА плеј-офот. Минесота Тимбервулвс го совлада тимот од Колорадо со 115-70 и се избори за седми натпревар од полуфиналната серија.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 22 поени, 9 скока и 2 асистенции. Сепак, најголем проблем на Денвер е фактот што „двоцифрени“ беа само уште Арон Гордон (12) и Џамал ​​Мареј (10).

– Мораме да прифатиме дека ова е голем пораз. Нѐ победија, нè уништија и мораме да научиме од ова. Мораме да почитуваме сѐ што направија. И, погледнете, имавме резултат 9-2 на почетокот. Не изгледаше така добро за нив. Од тој момент играта стана еднотимско шоу – изјави Јокиќ по поразот.

 

Српскиот кошаркар кој сезонава ја доби третата МВП титула за најкорисен играч во НБА, истакна и како од почетокот најави интересна серија против Минесота.

– Оваа серија е многу интересна, тоа го кажав и пред почетокот. Секој може да победи како гостин и тоа е она што го гледаме во моментов. Не се појавивме на овој натпревар, тие беа подобри од нас во секој сегмент. Дадовме едвај 70 поени, нивната одбрана беше фантастична. Бројките зборуваат сами за себе – објасни српскиот центар.

Одлучувачки фактор за ваков пораз беше очајниот шут од поле. Нагетс погодија само 30% од нивните удари, што е навистина премногу ниско за плејоф натпревар.

-Покажаа дека се одличен одбранбен тим, тие се најдобрата одбрана во лигата со причина. Имавме свои шанси, но не ги искористивме -рече Јокиќ.

Share This Article