More

    Јокиќ остана во чудо кога сфати дека му ја заборавиле опремата

    spot_img

    Ова го нема во НБА, ама го има во Србија. Пред пријателскиот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Австралија (73-84) се случи навистина урнебесна ситуација која го остави Никола Јокиќ без дрес.

    Економот на српската репрезентација го заборави дресот на Јокиќ и во моментот кога требаше да почне натпреварот, центарот на Денвер Нагетс остана во чудо. Јокиќ мораше да почека додека економот трчаше во соблекувалната да му го донесе заборавениот дрес.

    Во моментот кога сфатил што се случило, Јокиќ останал зачуден, а изразот на лицето покажал колку е збунет од сето ова.

    Се беше решено брзо, Јокиќ го доби дресот и со насмевка истрча на теренот, но неговата збунета реакција стана вирална.

     

    Контролниот натпревар против Австралија, Јокиќ го заврши со 14 поени и исто толку скокови.

    Репрезентацијата на Србија во склоп на подготовките пред настапот на ОИ во Париз, ќе ги одмери силите со реопрезентацијата на САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img