На претставувањето на Денвер Нагетс навистина блесна Никола Јокиќ кој оваа сезона ќе се обиде да ја одбрани титулата во НБА.
Во интервју за „НБА ТВ“ и новинарката Али Лафорс, Јокиќ зборуваше за престојот во Србија, како и за плановите за во иднина.
Приказните за тимот, шансите за освојување на титулата се веќе познати на сите, но кога двократниот МВП зборува за Огњена, неговата ќерка, срцето веднаш се топи од сладост, а така беше и овој пат.
„Домот е посебно место за мене, таму наоѓам мир. А моето семејство таму живее сосема поинаков живот“, рече Јокиќ, а потоа погледна кон Огњена, која сè уште не почнала да ја држи топката во раце:
Се надевам дека никогаш нема да ја фати топката, а за жал нема да добие прстен“, низ насмевка изјави Јокиќ.