Јеменските Хути, кои уживаат поддршка од Иран, денеска се заканија со напади врз израелските пристаништа и нафтените полиња, како и со нови прекини во поморскиот сообраќај, според извори од главниот град на Јемен, Сана, цитирани од весникот „Ал-Акбар“, близок до либанскиот Хезболах.
Воените лидери на Хутите додадоа нови цели на нивната листа како одговор на израелските одмазднички напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, контролирано од Хутите, објави „Тајмс оф Израел“.
Се вели дека Хутите планираат да ги нападнат израелските медитерански пристаништа Ашдод, Ашкелон и Хаифа, како и пристаништето Еилат на Црвеното Море.
фото: МИА