Јелена Карлеуша леташе од Бања Лука до Будва со владин авион

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српската пејачка Јелена Карлеуша во саботата полета од Бања Лука за Будва со авион во сопственост на Владата на Република Српска.

Имено, Карлеуша во саботата со почеток во 19 часот настапи на плоштадот во Челинац, по што се упати во Будва, за да одржи уште еден настап.

Карлеуша сподели видео на Инстаграм од нејзиното влегување во авион „цесна“ со регистарски број E7-SBA во сопственост на РС по концертот во Челинац, пишува „Аваз.ба“.

„Благодарам на сите во Бања Лука и општина Челинац. Какво добредојде, каква организација, какви прекрасни луѓе! Останав без зборови! Вака се дочекува, сака и почитува гостин! А, сега на аеродром, па до Црна Гора, дали сте подготвени?“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

Небојша Вукановиќ, пратеник во Народното собрание на Република Српска, ја критикуваше Владата на Република Српка откако протекоа информации дека пејачката Јелена Карлеуша летала со владин авион од Бања Лука за Будва.

Share This Article