More

    Јелена Ѓоковиќ на социјалните мрежи ја прослави вчерашна победа на Новак Ѓоковиќ против Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на УС Опен во Њујорк

    spot_img

    Јелена Ѓоковиќ на социјалните мрежи ја прослави вчерашна победа на Новак Ѓоковиќ против Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на УС Опен во Њујорк. Мечот во живо од трибините го следеа нејзините родители Вера и Миомир Ристиќ, како и родителите на Новак, Дијана и Срѓан Ѓоковиќ.

    Честитката од Јелена беше меѓу првите објави на социјалните мрежи. Таа ја сподели објавата на фан клубот на Новак Ѓоковиќ.По победата над Фриц, Ѓоковиќ отпеа дел од познатата песна „Fight for Your Right“. На Јелена настапот на нејзиниот сопруг очигледно многу и се допадна.

    Скратеното име на песната е „Бори се за твоето право“, а овој хит го отпеа американската хип хоп група Beastie Boys. Песната беше објавена на нивниот деби албум од 1986 година

    Песната беше на седмото место на табелата Billboard Hot 100 во 1987 година (истата година е роден Новак Ѓоковиќ) и беше прогласена за една од 500-те песни што ја обликуваа рокенрол Куќата на славните.

    Со победата против Фриц, Ѓоковиќ обезбеди плоасман во полуфиналето на УС Опен во кое на 8 септември за противник же го има Американецот Бен Шелтон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img