More

    Јелена го одбрани Ѓоковиќ за наводниот скандал со допинг во Париз

    spot_img

    Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е во центарот на вниманието! Поради деталите од натпреварот кој го одигра во Париз, Србинот е обвинет за допинг. Видео во кое наводно тренерот му спрема некако сок се прошири по интернет, а гласината за допинг ја рашири спортскиот новинар Бен Ротенберг, кој редовно го следи Ѓоковиќ.

    На гласините за Ѓоковиќ одговори неговата сопруга Јелена која побрза да го одбрани на Твитер, пишува Мондо.

    „Тој ќе зборува (за скандалот) кога ќе биде подготвен да зборува. Целата оваа ситуација на луѓе кои се принудени да зборуваат за нешто затоа што другите не се трпеливи е апсурдна. Ќутете малку, седете во тишина. Грижете се повеќе за себеси. Не е контроверзно сè што гледате. Може тоа да биде и нешто приватно. Ова дозволено ви е? “, напиша Јелена.

     

     

    Во меѓувеме,  поранешен јужноафрикански тенисер излезе во одбрана на Ѓоковиќ и почна да се кара со новинарот Ротенберг. Тој вели дека тренинг програмата на секој тенисер е тајна и приватна работа.

    „Не можам да верувам дека за ова воопшто се дискутира. Елитните спортисти во секој спорт, а особено во оние индивидуалните, не сакаат нивните ривали да ги знаат нивните „работни тајни. Тоа се основите на натпреварите. Дали некогаш сте ја виделе тренинг програмата на Пјер Паганини за Рожер Федерер? Нема шанси…“, напишал Кениг и ја затворил оваа тема.

    Инаку, Новак одигра одлична партија во Париз и дури по големата драма во финалето беше поразен од младиот Холгер Руне. Пред тоа тој забележа голема победа над Стефанос Циципас во полуфиналето, за која лудо славеше.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img