Јавното обвинителство води истраги

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

При претрес во домот, на 11 октомври, кај осомничените на возраст од 24 и 22 години биле пронајдени вкупно околу 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана и една дигитална вага. За двајцата осомничени јавниот обвинител предложи да биде определена мерка притвор.
За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице. Кај осомничениот, кој и претходно е осудуван за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, полицијата во краток период во два наврати пронашла наркотична дрога – марихуана.

Имајќи ги предвид сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да определи мерка притвор за осомничениот.

Share This Article