Јавноста ќе дознае кој ги крадел граѓаните

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив” не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.

– Тоа што се отпочна случај за адитивите, кои се користени во производниот процес во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ; можам да кажам, како инженер, професор и како човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата – не само што немало потреба за набавка на толкава количина од истите, туку и цените се надвор, како што велат правниците, од правилото на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци – изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и дека осомничениот, кој не им е достапен на органите на истрагата, еден ден ќе биде достапен и ќе одговара бидејќи, како што посочи, по 7 години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување вистински ремонти, туку со шпекулативни, во смисла на „нестручно“ и на „ненавремено“.

– Би сакал да напоменам дека на тој начин, на којшто несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ, се нанесе и удар на суверенитетот на државата, бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или на гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и на индиректни десетици илјади кои работат во компании коишто соработуваат со АД ЕСМ – рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.

– На владина седница одглавивме 2 проекта, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекта се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен. Ако направите математика, ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365, туку 450 или 500 дена. Побивани се законите на физиката и би сакал во доказна постапка, ако се отвори случај, да ги слушнам кои им се објаснувањата – рече премиерот Мицкоски.

Share This Article