More

    Јавно ветување од министерот за економија Крешник Бектеши

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва на скопјани има порача да бидат мирни и дека на 15 октомври ќе им бидат топли радијаторите и такви ќе останат во текот на целата грејна сезона.

    – Од 15 октомври топланите Исток и Запад ќе произведуваат 100 проценти од потребите за топлинска енергија за град Скопје доколку не работи ТЕ-ТО. Ако, пак, ТЕ-ТО не може да обезбеди гас за работа, тоа може да го направи државата преку ЕСМ која е задолжена да раководи со производството и дистрибуцијата на топлинска енергија за Скопје – рече Бектеши во интервју за ТВ Канал 5.

    За континуирано обезбедување гас, рече Бектеши, договорено е од бугарската страна да се зголеми притисокот во гасоводот од постојните 36 на 48 бари за да се зголеми протокот на гасоводот. Тоа, како што рече, се прави со цел да се овозможи да се снабдуваме со гас и од други извори освен од Газпром, кој до 2030 година целосно го има закупено капацитетот на гасоводот. Бектеши најави дека до крајот на годинава ќе започне и изградбата на гасоводот со Грција.

    Бектеши информираше дека од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија, со што ќе плаќаат значително помали сметки за струја.

    – Ова е еден од начините и мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа и на инфлацијата. Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година – рече министерот за економија Крешник Бектеши.

    Владата во изминатиов период вложила 272 милиони евра за субвенции во топлинска и електрична енергија со цел цените за граѓаните да бидат поприфатливи. Во спротивно, цената на струјата на регулираниот пазар ќе беше пет пати повисока од сегашната.

    – Нашата заложба е електричната енергија што ја произведува ЕСМ да биде меѓу најевтините во регионот. Сепак, ако дополнително со одлука на Влада не го обврзевме ЕСМ да ги покрива загубите во мрежата на МЕПСО и ЕВН дистрибуција ќе пораснеше и трошокот за дистрибуција на струјата, а со тоа и крајната сметка што ја плаќаат граѓаните – рече Бектеши

    Тој оцени дека има позитивни ефекти од воведувањето на блок тарифите за домаќинствата и додаде дека токму оние домаќинства кои повеќе штедат сега имаат помали сметки.

    Бектеши, како што рече, е задоволен од менаџментот и вработените на ЕСМ кои успеаја за 20 отсто да го зголемат производството на струја со опремата која е стара повеќе од 40 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img