More

    Јавно предупредување од шефот на германските вооружени сили

    spot_img

    Генерал Карстен Бројер, шефот на вооружените сили на Германија, во изјава за германските медиуми изрази стравување дека Русија може да ја нападне Германија и да започне „одбранбена“ војна.

    Во интервју за Франкфуртер цајтунг, Бројер рече дека е загрижен што Русија „во овој момент повторно се вооружува“. Тој додаде дека Германија ќе мора да се навикне на можноста „дека еден ден ќе мора да водиме одбранбена војна“.
    Бројер беше прашан и дали германската армија ќе може да се справи со евентуален руски напад врз НАТО, чиј дел е и Германија. – Да. Немаме алтернатива. Можеме да се браниме и ќе се браниме – рече германскиот генерал.

    Сепак, Бројер призна дека германската војска има недостатоци кога е во прашање националната и сојузничката одбрана, бидејќи со години е фокусирана на управувањето со меѓународните кризи.

    – Сега гледаме дека Бундесверот (вооружени сили на Германија) сè уште не е доволно опремен за војна – истакна Бројер, додавајќи дека постојат „структури кои брзите и насочени одлуки ги прават речиси невозможни“.

    фото: ЕПА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img