Јавниот долг ќе се приближи до 62 отсто од БДП

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Годинава вкупниот јавен долг ќе ја надмине максималната зацртана граница од  60% од БДП. Од следната година „на врата ќе тропнат“ за отплата еврообврзниците. Прашањето за одржливост на јавниот долг стана актуелно и проблематично од 2020-та кога започна и трендот на пораст. Од 2018-та година, според пресметката на Порталб, вкупниот јавен долг е зголемен за повеќе од 2 милијарди евра.

План на Владата за управување со долговите …

Отплата на стари долгови, државни гаранции за заеми, позајмици за проекти на централно и на локално ниво – сите овие фактори годинава ќе го „напумпаат“ вкупниот јавен долг. Според владиниот план зацртан во новата ревидирана Стратегија за управување со јавен долг 2024-2026, оваа година висината на вкупното задолжување ќе ја надмине максималната граница од 60%. Конкретно, јавниот долг се очекува да достигне историско ниво од 61,7% од БДП.

„Јавниот долг до крајот на 2023 година се предвидува да е во пропишаните рамки под 60% од БДП , а во 2024 година ќе го надмине максималниот праг од 60%, но како резултат на мерките на фискална консолидација, од 2025 до 2028 година се предвидува повторно враќање во пропишаните рамки под 60% од БДП“, се наведува во документот на Министерството за финансии.

Јавен долг

2023 година                       59,3%

2024  година                      61,7%

2025 година                       59,6%

2026 година                       59,7%

- Advertisement -
Ad image

Извор: Стратегија за управување со јавен долг 2024-2026

Она што може да биде „ризично“ е гарантираниот државен долг кој ги опфаќа заемите на централно и на локално ниво за кои гарантира државата. Овој долг според планот за годинава не смее да надмине 15% од БДП.

„Издадените државни гаранции претставуваат потенцијална обврска за Буџетот на државата, односно постои ризик од зголемување на трошоците за сервисирање во случај на нивно активирање. Во таа насока, за периодот 2024-2028 година се утврдува лимитот нивото на гарантираниот јавен долг да не надмине 15% од БДП“, се потенцира во Стратегијата.

- Advertisement -
Ad image

Од следната година отплата на еврообврзници…

Порталб повикувајќи се на податоци од Фискалната стратегија 2024-2028 веќе објави дека оваа и следните години по основ на домашно и странско задолжување доспеваат за отплата суми кои ќе надминат 1 милијарда евра на годишно ниво. Годинава за отплата ќе имаме нешто повеќе од 700 000 000 евра а веќе од следната на “врата ќе тропнат” отплатите и на Еврообврзниците. Во 2025 та ќе треба да исплатиме 500 000 000 евра по основ на Еврообврзницата издадена во 2018 та година

Доспевање                         Издавање

500 000 000 евра                 2025 година                      2018 година

700 000 000 евра                 2026 година                      2020 година

500 000 000 евра                 2027 година                      2023 година

700 000 000 евра                  2028 година                     2021 година

Извор: Стратегија за управување со јавен долг 2024-2026

Освен Еврообврзниците  ќе се отплаќаат и заеми по други основи поради што следната година по основ на вкупните доспеани обврски кон странство и дома ќе треба да платиме скоро 1,24 милијарди евра а во 2026-та сумата ќе достигне 1,37 милијарди евра.

Според последните расположливи податоци, на крајот на третиот квартал од 2023 та година јавниот долг изнесувал 8 032 000 000 евра или 55,3%. Третнот на позначаен пораст на јавниот долг започна во 2020 та година со почетокот на Ковид – кризата а овој тренд продолжи во следните години поради економската криза. Во 2019 та година јавниот долг изнесуваше 49,2% а веќе следната 2020 та достигна ниво од 59,7%.

јавен долг

2018 година                              5 202 200 000 евра                  48,4%

2019 година                              5 540 900 000 евра                   49.2%

2020 година                             6 483 300 000 евра                    59,7%

2021 година                             7 135 300 000 евра                    60,3%

2022 година                             7 702 900 000 евра                    59,1%

2023 година(III квартал)       8 032 600 000 евра                     55,3%

Извор : МФ

Од 2018-та година до крајот на септември лани, јавниот долг е зголемен за 2,8 милијарди евра. Одржливоста на јавниот долг изминатите години стана клучно економско прашање, пред се, поради растечкиот тренд во услови на криза а од друга страна скромни стапки на економски раст, недоволни за да ги „хранат“ буџетските апетити.

Share This Article