Советот на општина Охрид на седницата одржана на 28.11.2022 година ги донесе нацрт програмите и нацрт буџетот за 2023 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи.
Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид.
Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 28.11.2022 год.